Дома Македонски спорт Мак баскет Oдреден распоредот и термините на натпреварите во завршницата на кошаркарскиот куп на Македонија

Oдреден распоредот и термините на натпреварите во завршницата на кошаркарскиот куп на Македонија

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15. до 17. февруари, 2024 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.  

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11. одиграни кола) од Првата лига-мажи, формирани се четвртфиналните двојки, а во договор со организаторот, прецизирани се и сатнините на одигрување на сите натпревари од финалниот турнир.  

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

15.ФЕВРУАРИ  (ЧЕТВРТОК)

12.00: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар

14.30: (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

17.00: (2) Пелистер – (7) Феникс 2010

19.30: (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030

ПОЛУФИНАЛЕ

16. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)

17.00: Победник двојка 1 – победник двојка 4 (1)

19.30: Победник двојка 2 – победник двојка 3 (2)

ФИНАЛЕ

17. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

18.00: Победник 1 – Победник 2

* Сите натпревари се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Голема победа на Македонија против Полска

Македонската кошаркарска репрезентација запиша голема победа на гостувањето во Полска со 9…