Дома Топ вести Oва би било неверојатно: ПСЖ со 200 милиони евра повторно купува од Барса?!

Oва би било неверојатно: ПСЖ со 200 милиони евра повторно купува од Барса?!

al kelaifi

ПСЖ минатото лето го шокираше светот доведувајќи ги Нејмар и Килијан Мбапе, а како што пренесува познатиот медиум „TyC Sport“ пишува за нова „бомба“ од „светците“.

Наводно ПСЖ е спремен повторно да купува од Барселона, а овој пат на мета на клубот од Париз е фудбалерот од средината Серхио Бусткетс. Дефанзивецот на Барселона е еден од клучните фудбалери на Каталонците, тој е човекот кој започнува голем дел од нападите, но и носи голем допринос во одбраната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Барселона тешко може да се замисли без него, за неговите квалитети се свесни и во Париз па наводно се спремни да ја активираат и клазулата која изнесува 200 милиони евра.

Насер Ал Келаифи силно го сака одличниот Шпанец, но во прашање е фудбалер кој во Каталонија настапува од 2008 година и сигурно дека ова за „светците“ е тешка мисија.

Не е доволно само да ја платат клазулата, туку мора и да го убедат фудбалерот да ја напушти Барса.

Како резервна опција доколку не успеат во намерата да го доведат Бускетс се споменува фудбалерот на Челзи, Н’Голо Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…