Дома Фудбал Англија Oбамејанг постигна два гола, Арсенал не го победи Норвич (ВИДЕО)

Oбамејанг постигна два гола, Арсенал не го победи Норвич (ВИДЕО)

Арсенал заборави што значи победа и освојување на три бода, откако денеска ја продолжи лошата форма во Премиерлигата и запиша реми против Норвич (2-2) во 14. коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тиму Пуки во 21. минута донесе водство за домаќините, а неколку минути подоцна Пјер Емерик-Обамејанг израмни од пенал на 1-1.

Во самиот финиш од првото полувреме Тод Кантвел успеа да го врати Норвич во предност (2-1), а Обамејанг со својот втор гол во 57. минута му донесе бод на Арсенал.

Арсенал сега се наоѓа на осмото место во Премиерлига со 19 бодови, односно седум помалку од позиција која води во Лигата на шампиони следната сезона.

На вториот меч денеска, кој се одигра од 15 часот, Вулверхемптон ги подели бодовите со Шефилд јунајтед (1-1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …