
Јувентус има нов генерален директор. Тоа е Дамијан Комоли, објави торинскиот гигант.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Комоли ќе биде одговорен за надгледување на фудбалскиот дел од машкиот тим, како и маркетинг и комерцијалниот сектор.
Педесет и двегодишниот Комоли во текот на својата досегашна кариера работел на многу различни позиции во разни клубови, вклучувајќи периоди како скаут во Арсенал, како и директорски улоги во клубови како Ливерпул, Тотенхем, Сент-Етјен и Фенербахче.
Неодамна беше претседател на Тулуз, но на крајот од мај поднесе оставка за да ја преземе новата позиција во Јувентус.
Фото: Принтскрин