
Во средината на сезона во која Реал Мадрид се соочува со сериозни предизвици и веќе е далеку од титулата во Ла Лига поради деветте бода заостанување зад Барселона, новиот дизајн на дресовите предизвика дополнително разочарување кај дел од навивачите. На социјалните медиуми се појавија фотографии од наводната домашна комбинација дресови за сезоната 2026/27, кои поттикнаа бура негативни реакции.
🚨 BREAKING: REAL MADRID’S 2026/27 HOME KIT! @Footy_Headlines pic.twitter.com/IbqXvECqjK
— Madrid Zone (@theMadridZone) March 17, 2026
Иако главната боја на дресот останува традиционално бела, Aдидас се обидуваат со нови детали кои ги вознемирија фановите. Според објавените фотографии, карактеристичните три линии на рамењата се во црвена боја, додека јаката и краевите на ракавите се во темни црни и зелени нијанси. Токму овие елементи станаа основа за жешки дискусии и критики.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Реакциите на навивачите на социјалните мрежи беа речиси едногласно негативни. Мнозина го оценија дизајнот како еден од најлошите во историјата на клубот. “Ова е веројатно најлошиот дрес во историјата на Реал”, е еден од коментарите. Други беа исто така остри: “Најлош во последно време! Таа црвена линија воопшто не прилега!” Некои навивачи забележаа сличности со дресовите на други тимови. “Дали ова е новиот дрес на Бенфика?”, праша еден корисник, додека друг забележа: “Ова би можело лесно да биде дизајн за мексиканската репрезентација.”