
Англискиот фудбалер Луис Муњоз го собори рекордот за најмлад играч во младинската Лига на шампионите.
Овој фудбалер има неполни 14 години, роден е на 18 декември 2011 година, а во среда оствари историски подвиг, станувајќи најмлад играч во ова натпреварување под капата на УЕФА.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во победата на младиот тим на Арсенал над врсниците од Баерн (4:2), Муњоз влезе од клупата, што беше негово деби во оваа категорија.
Во младинската ЛШ можат да играат играчи родени во 2007 година и помлади, но дозволено е во тимот да има максимум пет играчи родени во 2006 година.
Муњоз е член на селекцијата на Англија до 15 години, и може да ги следи чекорите на Макс Доуман, кој со 15 години доби шанса да тренира со првиот тим на Арсенал.