
Наближувајќи го почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, многу репрезентации се соочуваат со дополнителни проверки при доаѓањето во САД, што предизвика бура од коментари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најпрво беа проверувани Узбекистанците по доаѓањето на пријателскиот натпревар против Холандија во Њујорк.
По тоа, непријатни сцени ги дочекаа и селекцијата на Сенегал на летот од Северна Каролина за Сан Антонио.
Сепак, Сенегалците објаснија дека проверката не била таква како што првично беше претставено во медиумите.
Фудбалската федерација на Сенегал излезе со соопштение по појавувањето на видео снимка на социјалните медиуми, на која се гледа безбедносната контрола на играчите и членовите на стручниот штаб на пистата на аеродромот каде ги пречекало обезбедувањето.
Како што наведува федерацијата, некои медиумски извештаи погрешно ги прикажале околностите на настанот, поради што беше објавено официјално објаснување.
Се истакнува дека прикажаната инспекција не се случила при доаѓањето на репрезентацијата во Сан Антонио, туку за време на процесот на качување на аеродромот во Ралеј, на 7 јуни 2026 година, пред планираниот лет.