Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го урна големиот рекорд на Федерер и испиша историја!

Ѓоковиќ го урна големиот рекорд на Федерер и испиша историја!

Српската ѕвезда и овој понеделник остана меѓу петте најдобри тенисери на светот, рушејќи го еден од најимпресивните рекорди во овој спорт – оној на Роџер Федерер по бројот на недели поминати во Топ 5 на АТП листата.

Иако се зборува за неговата доминација веќе долг период, малкумина очекуваа дека овој рекорд, кој долго време се чинеше недостижен, ќе биде надминат. Ѓоковиќ сега е на врвот сам и со тоа уште еднаш го потврди статусот како еден од најголемите во историјата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новата АТП листа, што е објавена по турнирите во Барселона и Минхен, не донесе промени меѓу петмината најдобри. Ѓоковиќ остана четврти играч на светот, но сега достигна до бројката од 860 недели меѓу најдобрите пет – една повеќе од Федерер, кој до пред две недели го држеше рекордот со 859.

Ѓоковиќ прво го изедначи тој резултат, а сега и го надмина, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција во историјата. Трет на таа листа е Рафаел Надал со 837 недели меѓу најдобрите пет.

На врвот на АТП листата сеуште е Јаник Синер со 13.350 поени, пред Карлос Алкараз кој има 12.960, додека Александар Зверев е трет со 5.255 поени. Ѓоковиќ е четврти со 4.710, а Топ 5 го затвора Феликс Оже-Алиасим со 4.100 поени.

Интересни промени се случија веднаш по нив. Бен Шелтон го освои турнирот во Минхен и ја зацврсти шестата позиција со 4.070 поени. По него следи Тејлор Фриц, кој го престигна Алекс де Минур за 25 поени и сега има 3.870. Лоренцо Мусети и Данијил Медведев го заокружуваат списокот на десетте најдобри во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер во Мадрид може да постави неверојатен рекорд во светскиот тенис каков што нема никој друг!

Фантастичниот Јаник Синер, кој е прв на светската тениска ранг-листа, има можност да стане…