Дома Фудбал Нова радост за Јагелонија: Чурлинов со гол го реши дербито во Варшава (Видео)

Нова радост за Јагелонија: Чурлинов со гол го реши дербито во Варшава (Видео)

Јагиелонија продолжува со силно темпо во трката за шампионската титула во полската Прва лига, а најновата победа на гостински терен против Легија Варшава дополнително ги зацврсти нивните амбиции.

Клучен играч во триумфот беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој блесна во дербито со еден од најзначајните голови во сезоната.

Во 76. минута од натпреварот, по една мешаница во шеснаесетникот на домаќините, Чурлинов беше највнимателен и најреактивен – ја дочека одбиената топка и ја испрати зад грбот на голманот на Легија, носејќи ѝ ги трите бода на својата екипа.

Фото: Jagiellonia Białystok/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се распрашува за Алекс Скот, Челси сака да реагира уште во јануари

За 23-годишниот играч на Борнмут се интересираат три англиски гиганти, но Арсенал има поин…