Дома Фудбал Нова опција за Влаховиќ: Може да направи големо предсвство и да игра во Лигата на шампионите!

Нова опција за Влаховиќ: Може да направи големо предсвство и да игра во Лигата на шампионите!

Душан Влаховиќ е на чекор да го напушти Јувентус по неуспешните преговори со управата за продолжување на соработката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот репрезентативец не ги прифати новите услови кои се значително пониски од досегашниот договор со торинската “стара дама”.

Јуве му понуди шест милиони евра годишно плус бонуси, но Влаховиќ не прифати помалку од осум милиони, па сега вниманието му е насочено кон други можности, и во Италија и надвор од неа.

Последно се спомнувани и шпанскиот Атлетико, па дури и Барселона, но ако Влаховиќ бара важна улога и водење на нападот, тогаш би можел да остане во некој од италијанските клубови.

Така се појави уште поинтересна опција за која денеска пишува „Калчомеркато“.

Хитот на сезонава во Серија А и новиот учесник во Лигата на шампионите, екипата на Комо, е во потрага по нов напаѓач и полека испраќа сигнали кон Влаховиќ. Она што Комо може да му понуди во наредната сезона, а што Јувентус не може, се настапите во Лигата на шампионите, на кои е тешко да се одолее, а воедно Влаховиќ би имал шанса да соработува и со шпанскиот стратег Сеск Фабрегас.

Платата можеби повторно ќе биде проблем како и во случајот со Јувентус, бидејќи тешко дека Комо може да понуди повеќе, но ако Влаховиќ го гледа предизвикот и во Лигата на шампионите за да го „експлодира“ своето голово чувство, тогаш оваа опција не треба целосно да се отфрли.

Особено ако не се појават големи понуди надвор од Италија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Војна и во фудбалот: Голем дел од делгацијата на Иран не доби визи за влез во САД!

Соединетите Американски Држави одбија да издадат визи на дел од стручниот и административн…