Дома Фудбал Нова непријатност за Ѓоковиќ во Австралија: Не го препознаа, мораше да покажува акредитација (Видео)

Нова непријатност за Ѓоковиќ во Австралија: Не го препознаа, мораше да покажува акредитација (Видео)

На Новак Ѓоковиќ Австралија му носи многу убави спомени, но имаше и некои непријатни како апсењето по корона-аферата. Синоќа во Мелбурн помина ново непријатно искуство.

Ѓоковиќ пристигнуваше на стадионот за официјален тренинг, но на влезот го сопре обезбедувањето.

Иако пред него стоеше најдобриот тенисер во историјата, обезбедувачот побара да ја види акредитацијата за да утврди за кого станува збор, и дали може да го пушти да помине.

Откако му ја покажа акредитацијата, Ѓоковиќ го пуштија со насмевка да продолжи понатаму.

И Ѓоковиќ, освојувач на десет титули на Австралија Опен, се насмевна, очигледно разбра дека обезбедувањето само професионално ја исполнува својата работа.

Ѓоковиќ денеска дозна и кој му е противникот во првото коло, а тоа е Нишеш Басавареди.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србите сакаат да го убедат Гаштаров да игра за нив!

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров во изминатиот период се најде во центарот на вн…