Дома Фудбал Нова девојка на Винисиус Жуниор: Со милионска база следбеници на Инстаграм

Нова девојка на Винисиус Жуниор: Со милионска база следбеници на Инстаграм

ЅВЕЗДАТА на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, оваа недела официјално објави дека има нова девојка, а станува збор за една од најпознатите инфлуенсерки во Латинска Америка. Бразилскиот 25-годишен фудбалер и 26-годишната Вирџинија Фонсека ја потврдија својата врска споделувајќи заедничка фотографија на Инстаграм, каде што се прегрнати покрај натписот “љубов”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вирџинија Фонсека е вистинска ѕвезда во Бразил, со неверојатни над 53 милиони следбеници на Инстаграм и речиси 40 милиони на ТикТок. Родена во Конектикат, израснала во Бразил, а познатост стекнала пред речиси десет години на Јутјуб, кога имала само 17 години.

“Започнав со Јутјуб во 2017 година. Открив дека сакам да се занимавам со ова откако се преселив во Португалија. Мојот Инстаграм почна да расте. Веќе имав 10,000 следбеници, и пријателка од Бразил ми кажа дека треба да отворам канал. Мојата роднина од Португалија веќе имаше канал и ми помогна. Го отворив, и почнав да уживам. До третиот видеоклип, веќе имав 100,000 претплатници”, открила таа.

Нејзиниот онлајн успех постојано растеше, а бразилско-американската инфлуенсерка на крајот доби и своја телевизиска емисија со наслов “Сабаду со Вирџинија” на јужноамериканската ТВ мрежа SBT.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дани Себалјос веќе не е фудбалер на Реал Мадрид

Полуфудбалерот Дани Себалјос објави дека го напушта Реал Мадрид по седум сезони во шпански…