
Јувентус е на чекор до назначувањето на Лучано Спалети (66) како нов тренер. Италијанските медиуми известуваат дека официјалната потврда и претставување може да се случат веќе во четврток. Според Sky Sport, Спалети се ближи до договорот за преземање на клупата на Бјанконерите, само еден ден откако Игор Тудор беше отпуштен поради лоши резултати.
По солиден старт на сезоната, Старата дама влезе во криза. Низата натпревари без победа и постигнат гол го забрзаа заминувањето на Тудор од клубот. Спалети ја презема позицијата во Јувентус, што ќе биде негово прво клубско ангажирање од 2023 година, кога замина од Наполи по две сезони на чело на тимот, известуваат италијанските медиуми.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Следните две години италијанскиот стратег ги водеше Азурите, преземајќи ја репрезентацијата на Италија по ненадејното заминување на Роберто Манчини. Во јуни, по поразот од Норвешка со 3:0, Спалети доби отказ, а последниот натпревар како селектор на Италија го водеше против Молдавија.