
Горица го победи Динамо со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на СуперСпорт ХНЛ лигата. Единствениот гол го постигна Адрион Пајазити во 67-мата минута. Тоа беше шокантен пораз за гостите во борбата за титулата, но за нивна среќа, истовремено изгубија и Хајдук и Ријека (против Истра, односно Осијек), па разликата на Сините до врвот остана иста – четири бода.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На натпреварот против Горица сведочевме на необична ситуација во која главен актер беше Аријан Адеми.
Имено, капитенот на Динамо влезе во игра во 60-тата минута, но поради повреда излезе околу 15 минути подоцна. Бидејќи Динамо немаше право на замена, до крајот играше со десет играчи – ист број како и Горица која доби црвен картон.
За сега не е позната сериозноста на повредата. Се чекаат резултатите од магнетната резонанца, но во клубот не се преголеми оптимисти. Сигурно е дека Динамо нема да го има Адеми за дербито против Ријека, а неизвесна е и останатата сезона.
Фото: GNK Dinamo Zagreb/X