Дома Фудбал Нов предизвик за Шпанецот: Рамос претставен во новиот клуб (Фото)

Нов предизвик за Шпанецот: Рамос претставен во новиот клуб (Фото)

Шпанскиот стопер Серхио Рамос потпиша договор со мексиканскиот клуб Монтереј, потврди клубот на нивните социјални мрежи. За 38-годишниот стопер ова ќе биде четвртиот клуб во кариерата по Севиља, Реал Мадрид и Парис Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот репрезентативец на Шпанија беше без клуб откако минатото лето ја напушти Севиља по истекот на договорот и нема одиграно професионален натпревар од мај 2024 година. Во меѓувреме, тој изведуваше индивидуални тренинзи за да остане во форма.

Монтереј сакаше да ја засили својата одбранбена линија за продолжување на натпреварите во мексиканската Клаусура, бидејќи претходно останаа без Карлос Салседо, кој доби сериозна повреда на предниот крижeн лигамент на коленото.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…