Дома Фудбал Потврдена лошата вест: Баерн ослабен на гостувањето кај Интер

Потврдена лошата вест: Баерн ослабен на гостувањето кај Интер

Иако во Баварија веруваа дека Мануел Ноер ќе биде подготвен за реваншот со Интер, тоа сепак не се случи.

Ноер направи сѐ за на време да ја излекува повредата на листот, но лекарскиот тим одлучи да го поштеди уште некое време.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој ќе го пропушти реваншот со Интер во среда, како и потоа мечот со Хајденхајм, па неговата главна цел ќе биде да се опорави за потенцијално полуфинале на Лигата на шампионите, доколку Бајерн успее да победи на “Џузепе Меаца”.

Ова е секако голем удар за Венсан Компани, бидејќи листата на повредени е подолга, на неа се и Ноер, Алфонсо Дејвис, Дајо Упамекано, Хироки Ито, Кингсли Коман.

Натпреварот Интер – Бајерн е закажан за среда во 21:00 часот.

Фото: FC Bayern München
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една работа го кочи конечниот расплет околу Гатузо

Италијанскиот фудбал доживува нова криза. По неуспехот да се квалификува на третото послед…