Дома Останати Тенис Ништо од 100. титула: Ѓоковиќ загуби во финалето, па направи господски потег (Видео)

Ништо од 100. титула: Ѓоковиќ загуби во финалето, па направи господски потег (Видео)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата 100. титула во кариерата бидејќи беше поразен во финалето на АТП турнирот во Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ играше одлично на турнирот во овој американски град и изгледаше како да ќе изведе нов неверојатен подвиг и да ја освои својата 100. титула, но тоа не се случи.

Српскиот тенисер во финалето на турнирот во Мајами играше против Јакуб Меншик од Чешка, кој направи сензација и на крајот успеа да го освои трофејот.

Меншик беше најголемото изненадување на турнирот бидејќи со одлична игра успеа да стигне до финалето, а потоа го постигна и најголемата победа во неговата досегашна кариера против Ѓоковиќ.

Меншик беше совладан од емоции по победата, но она што го направи Ѓоковиќ по поразот покажа каков господин е.

Тој веднаш ја премина мрежата за да му честита на чешкиот тенисер на победата, што го воодушеви светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …