Бразилскиот напаѓач Нејмар го раскина договорот со Саудиска Ал Хилал вреден 100 милиони евра годишно и сега е слободен играч.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со денови се најавува неговото враќање во првиот клуб од кариерата, Сантос. Тој ќе потпише откако ќе мине лекарски преглед, а веста вчера ја потврди и Фабрицио Романо.
Да потсетиме, тренерот на Ал Хилал, Хорхе Жесус неодамна потврди дека клубот нема да го регистрира Нејмар (32) за вториот дел од лигашката сезона во Саудиска Арабија.
„Тој повеќе не може да игра на нивото на кое сме навикнати да игра“, рече Жесус.