Дома Фудбал Неверојатно промашување на Светското клубско првенство: Погледнете што промаши ѕвездата на Лос Анџелес

Неверојатно промашување на Светското клубско првенство: Погледнете што промаши ѕвездата на Лос Анџелес

Челзи го совлада Лос Анџелес со 2:0 во Атланта во првото коло од групата Д на Светското клубско првенство во Америка, благодарение на головите на Педро Нето во 34. минута и Енцо Фернандез во 79. минута. Но, останува прашање каков би бил резултатот ако играчот на Лос Анџелес успеа да постигне навидум лесен гол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 78. минута, Лос Анџелес беше на напад, а топката заврши кај Денис Буанге, левото крило на американскиот тим. Еден од најдобрите играчи во МЛС беше сам спроти празниот гол на само два метри оддалеченост од мрежата и шутираше, но топката не влезе во мрежата. Само минута подоцна, Челзи го постигна вториот гол, обезбедувајќи си ја победата, и така го казнија тимот на ЛА и нивниот ас.

Видео можeте да видите ОВДЕ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…