Дома Фудбал Неверојатни бројки: Ракитиќ ја игра сезоната од соништата

Неверојатни бројки: Ракитиќ ја игра сезоната од соништата

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ игра во животна форма.

Иако се појавуваа шпекулации дека наводно би можел да ги напушти редовите на Барса тоа скоро сигурно нема да се случи, со оглед дека се работи за важен играч на шпанскиот првак.

Имено, Ракитиќ оваа сезона од 26 натпревари не настапи само на две, а од него зависи креацијата на играта во Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат податок дека Ракитиќ е играчот со најмногу додавања во Примера, дури 2676, од кои успешни 2436.

Популарниот Ракета во Барса стигна во 2014. година од Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…