
Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што Флорентино Перез го нарече, најважниот договор во историјата на фудбалот.
Според податоците од шпанските медиуми, договорот со Адидас е таков што Реал Мадрид по сезона ќе добива 120 милиони евра, но, се разбира, тоа не е сè.
Денес „Ас“ ја носи веста за тоа колку всушност вреди дресот на Реал Мадрид по сезона и е далеку највредниот, ако ги земеме предвид приходите на клубот, во светот.
Само од три партнерства со компаниите Адидас, Еmirates и HP клубот ќе добие вкупно 300.000.000 евра на годишно ниво. Треба да се додаде и тоа дека ниту еден клуб во светот не е близу, ниту еден не надминува 250.000.000 евра.
Во вторник беше продолжена соработката со компанијата Емирати“, во среда со „Адидас“. „Емирати“ ќе доделуваат до 100.000.000 по сезона како генерален спонзор, а HP како спонзор на ракавите ќе плаќаат околу 80.000.000.