Дома Фудбал Неверојатна сцена: Голманот ќе постигнеше гол од 80 метри, но…🎥

Неверојатна сцена: Голманот ќе постигнеше гол од 80 метри, но…🎥

Неверојатна сцена се случи на натпреварот од Копа Либертадорес помеѓу боливискиот тим Индепендиенте Петролеро и Депортива Тачире од Венецуела.

Голманот Кристофер Варела пред крај на полувремето дегажираше, топката ги прелета сите и отскокна на шеснаесетникот, па го измами противничкиот голман и одеше во празната мрежа.

И токму кога топката требаше да влезе во голот, се појави соиграчот на Варела, Урибе и му ги украде голот 23-годишниот голман.

На крајот судијата мораше да потврди дека Урибе е тој што ја затресе мрежата, а не голманот Варела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …