
Реал Мадрид веќе втора сезона по ред останува без трофеј. Тоа е огромен удар за кралскиот клуб кој едноставно не е навикнат да не подигне барем еден пехар во текот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак, последните две сезони се вистинска катастрофа. Ниту тренерските промени не помогнаа, но нова промена ќе дојде веќе ова лето.
Алваро Арбелоа е веќе поранешен. Претседателот Флорентино Перез веќе го избра Жозе Мурињо како нов тренер и е убеден дека легендарниот Португалец ќе ја среди соблекувалната.
Многу фудбалери исто така ќе го напуштат клубот. Шестмина веќе се спакувани, а ќе има и повеќе.
Во плановите на клубот повеќе не се Раул Асенсио, Едуардо Камавинга, Дани Себалос, Фран Гарсија, Давид Алаба и Дани Карвахал.
На последните двајца договорите им истекуваат ова лето. Нови нема да добијат и можат да бараат нов клуб.
Останатите фудбалери ќе завршат на трансфер листата. На нивните услуги веќе не се смета и можат да се посветат на други опции за иднината.
Листата најверојатно ќе биде и поголема. Се чека доаѓањето на новиот тренер и тој ќе ја донесе конечната одлука за тоа кого повеќе не го гледа во својот тим.