Дома Фудбал Неверојатен дебакл за Челзи. Ова не им се случило 114 години

Неверојатен дебакл за Челзи. Ова не им се случило 114 години

Фудбалерите на Брајтон триумфираа со 3:0 против Челси во натпревар од 34. коло на Премиер лигата. Домаќините до трите бода стигнаа благодарение на головите на Ферди Кадиоглу, Џек Хиншелвуд и Дени Велбек. Со таа победа, Брајтон го скокна Челси на табелата, на шесто место со два бода предност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Лиам Розениор притоа продолжи со лошата серија од пет последователни порази во Премиер лигата.

Сините во таа низа беа поразени од Њукасл (0:1), Евертон (0:3), Манчестер Сити (0:3), Манчестер Јунајтед (0:1) и сега од Брајтон, со што си ја доведоа во опасност шансата за пласман во европските натпреварувања наредната сезона.

За сериозноста на оваа низа сведочи фактот дека Челси првпат од ноември 1912 година загубил пет последователни првенствени натпревари без да постигне гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена н…