Дома Топ вести Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Натпреварот од 36-то коло на француската Лига 2 Троа – Валенсиен беше прекинат и заврши во 89-та минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

 Домашните фанови очекуваа сигурна победа и со тие три освоени бодови тимот да направи чекор напред кон посакуваното 16 место на табелата кое носи опстанок.

Троа водеше со 1:0, но во вториот дел гостите кои сигурно ќе испаднат во трета лига, успеаа да израмнат на 1:1.

Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси. Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Расте притисокот во Штип: „Фалангата“ бара пресврт од Брегалница

Навивачите на Брегалница упатија остри критики кон фудбалерите по поразот од Вардар. Штипс…