
Милан не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите следната година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од тогаш, атмосферата во клубот е многу неповолна.
Според италијанските медији, по заминувањето на Масимиљано Алегри, и голманот на тимот Мајк Мањан, капитенот, побарал да го напушти Сан Сиро.
Незадоволен од целокупната ситуација, бара трансфер, а веќе се споменува Челзи како следна дестинација за Французинот.
Францускиот репрезентативец кој за „триколорите“ има забележано 40 настапи, во Милан дојде од Лил во 2021 година за 16 милиони евра.
Мањан е дете на Пари Сен-Жермен од каде што премина во Лил во 2015 година за само еден милион евра.