Дома Фудбал Немало спас: Објавен страшен детал по големата незгода во која загина Алекс Манингер (Фото)

Немало спас: Објавен страшен детал по големата незгода во која загина Алекс Манингер (Фото)

Поранешниот австриски голман Алекс Манингер загина вчера во страотна сообраќајна несреќа што се случи во близина на Салцбург, а објавен е нов детал кога станува збор за вчерашната несреќа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешниот голман страдаше во страшната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Салцбург кога возот удри во неговото возило и за жал, за Манингер не можеше да има спас.

Фотографиите од местото на несреќата најдобро покажаа за каква страшна несреќа станува збор, и иако брзата помош пристигна доста брзо на крајот не успеаја да го спасат Манингер.

Австриските медиуми објавија дека, наводно, безбедносната рампа на тој премин каде што настанала несреќата не била спуштена и дека Манингер не добил сигнал дека возот е многу близу и ќе помине по таа рута.

Поради фактот што рампите, наводно, биле подигнати, тој продолжил со возилото да премине преку пругата, по што возот наишол и го собрал автомобилот на Манингер, успевајќи да закочи дури неколку стотици метри понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …