Дома Фудбал Нема веќе време за губење: Ултиматум и последен напад на Шешко?

Нема веќе време за губење: Ултиматум и последен напад на Шешко?

Њукасл на секој можен начин се обидува да го убеди Бенџамин Шешко да премине на „Сент Џејмс Парк“.

Денес, од Островот пристигна информација дека Њукасл му испратил на агентите на Шешко јасна порака дека понудата останува на маса само уште 48 часа и дека во тој период сакаат одговор и разрешување на ситуацијата.

Њукасл уште за време на викендот ја испрати првата официјална понуда на адреса на РБ Лајпциг во вредност од 75.000.000 + 5.000.000 преку бонуси, Германците се спремни да преговараат, но се чека одговорот на играчот.

Шешко одолговлекува и поради фактот што го повика и Рубен Аморим, кој лично го сака во нападот заедно со Брајан Ембум и Матеуш Куња, па затоа Словенецот сега сè уште „мери“.

Разликата е што Њукасл ја испратил официјалната понуда и за играчот и за отштета на РБ Лајпциг, додека Јунајтед чека прво зелено светло, односно Шешко да ги одбие „чавките“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике без дилема кажа кој ја заслужува Златна топка

Тренерот на францускиот и европскиот шампион ПСЖ, Луис Енрике, отворено наведува кој би тр…