
Карло Анчелоти е во голема мака на крајот од сезоната. Надвор од терените веќе е Ферлан Менди и Антонио Ридигер, но тоа не е сè. Сега отпадна и уште еден дефанзивец – Давид Алаба!.
Ридигер ќе отсутвува поради операција на коленото, а така ќе отслужи и пет од шестте натпревари казна што ја доби поради несоодветно однесување на финалето на Кралскиот куп.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ферлан Менди се повреди во првото полувреме на куп натпреварот и ќе мора да одмора поради повреда на квадрицепсот околу 10 недели.
Алаба се повреди на натпреварот против Гетафе, не играше во Купот иако беше на клупата, а последните два дена не тренираше.
Реал во петокот вечер објави лоши вести. Алаба го повреди менискусот на левото колено и го чека операција, соодветно и пауза. Се очекува дека ќе се врати до Светското клупско првенство.
Алаба се врати на теренот во јануари по една година, и тоа по повреда на предните вкрстени лигаменти.
Фото: Real Madrid C.F/X