Дома Фудбал Нејмар се врати во Париз, деновите ги поминува во друштво на манекенки

Нејмар се врати во Париз, деновите ги поминува во друштво на манекенки

Напаѓачот на ПСЖ се врати од Бразил во Франција.

Нејмар е повторно во Париз, но не брза со враќање во активниот фудбал бидејќи сезоната во Франција е прекината.

Во меѓувреме е фатен во познатото француско летувалиште Сен-Тропе, а друштво му прави соиграчот Марко Верати со девојката, но и француската манекенка Синди Бруна.

Бразилецот како и обично е во друштво на манекенки и убави девојки. Инаку, ПСЖ на тренинг се враќа на 22. јуни и ќе се подоготвува за настап во ЛШ.

Многу медиуми пишуваа за евентуално враќање на Нејмар во Барселона, меѓутоа, поради кризата, Каталонците се откажаа од таа опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…