Дома Останати Тенис Не им отворила врата: На шампионката на Вимблдон ѝ се заканува четиригодишна суспензија

Не им отворила врата: На шампионката на Вимблдон ѝ се заканува четиригодишна суспензија

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон од 2023 година, е соочена со суспензија до четири години, откако е обвинета за прекршување на анти-допинг правилата поради одбивање на тестирање.

Контроверзниот инцидент се случил во декември, за време на ненадејно тестирање надвор од натпреварувањата. Вондрушова тврди дека по 20:00 часот ѝ ѕвонела непозната личност на вратата, која одбила да се идентификува и побарала итен примерок од урина. Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.

Против неа потоа бил покренат процес од страна на Меѓународната тениска агенција за интегритет поради „одбивање или неуспех да се достави примерок без оправдана причина по известување од овластено лице“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…