Дома Фудбал Не е само Манчестер јујнајтед: И Тотенхем никогаш не бил полош!

Не е само Манчестер јујнајтед: И Тотенхем никогаш не бил полош!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави после поразот од Брајтон дека ова е најлошиот тим во историјата на “Црвените ѓаволи”.

После десеттиот пораз во сезонава (а се одиграа само 22 кола) Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата.

Постепено во сенка на катастрофалните игри на повеќекратниот шампион на Премиер лигата е киксот на уште еден голем клуб.

Тотенхем, кој во ова коло беше поразен од Евертон со резултат 3:2, моментално е 15. тим во лигата, а предвидувањата велат дека имаат речиси 70% шанси да ја завршат сезоната во долната половина на табелата.

Спарс минатата сезона беа на петто место, а последен пат беа надвор од Топ 10 пред 17 години.

На последните девет натпревари во Премиер лигата претрпеле дури седум порази.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …