Дома Фудбал Не чекаше многу: Саутемптон испадна, Јуриќ веднаш замина

Не чекаше многу: Саутемптон испадна, Јуриќ веднаш замина

Иван повеќе не е тренер на Саутемптон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јуриќ потпиша договор на 18 месеци со англискиот прволигаш откако го раскина договорот со италијанската Рома. Хрватскиот тренер го наследи Расел Мартин, преземајќи го тимот кој беше последен на табелата, со цел да го задржи прволигашкиот статус. Седум кола пред крајот на Премиер лигата, јасно е дека Саутемптон следната сезона ќе се пресели во Чемпионшип.

Јуриќ не успеа да го постигне она што го сакаше. Во 14 натпревари на клупата на Саутемптон во Премиер лигата оствари резултат од една победа (Ypswich 2:1), еден нерешен натпревар (Кристал Палас 1:1) и 12 порази.

“Премногу лесно испаднавме од лигата и тоа е проблем на повеќе нивоа. Сега е важно да ги разбереме сите грешки и да се обидеме да создадеме нешто добро”, изјави Јуриќ по испаѓањето.

Фото: Southampton FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Герсон Родригез доби црвен картон на тренинг-натпревар помеѓу две екипи на Вардар

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во италијанска Норчија, а денешниот тре…