Дома Фудбал Нејмар прави изненадувачки трансфер? „ЕСПН“ открива со кого преговара

Нејмар прави изненадувачки трансфер? „ЕСПН“ открива со кого преговара

Бразилскиот напаѓач Нејмар е во преговори со три клуба од MLS, јавува ESPN.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Она што во моментот е познато е дека еден од тие клубови не е Интер Мајами, па Нејмар не би требало повторно да се здружи со Лионел Меси и Луис Суарез, напаѓачи со кои составуваше моќно напаѓачко трио во Барселона.

Покрај непознатите два клуба, „ЕСПН“ открива дека претставниците на Нејмар разговараат за можниот премин во Чикаго Фајр.

Нејмар има големи проблеми со повреди откакo пристигна во Ал Хилал.

Клубот од Саудиска Арабија го донесе од Пари Сен Жермен во август 2023 година во трансфер вреден 90 милиони евра и му даде плата од 150 милиони евра.

Поради повредите, за клубот одигра само седум натпревари со учинок од еден гол и три асистенции. Ал Хилал и без негова некоја поголема помош успеа да ја освои титулата минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…