
Голманот на либиската репрезентација Мурат Ал-Вухиши е осомничен дека со своја грешка помагнал во конечниот резултат од квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалската федерација на Либија започнала истрага против голманот на националниот тим, 28-годишниот Мурат Ал-Вухиши, откако беше одигран натпреварот со Зеленортските Острови во африканските квалификации за следниот Мундијал, кој ќе се одржи идната година во Канада, САД и Мексико.
Натпреварот се одигра на 8 октомври и заврши нерешено 3:3.
Либија водеше со 3:1 кога во 76. минута, Ал-Вухиши реагираше на необјаснив начин и дозволи топката, која беше упатена речиси од средината на терен, да помине низ неговите нозе и да заврши во голот.
Тимот Либија прими уште еден гол до крајот на натпреварот и остана без победа. Разочарани од ваквото сценарио, раководството на ФФ Либија покрена истрага.
Ал-Вухиши се сметаше за искусен и сигурен голман, и ова му беше 21. натпревар во дресот на репрезентацијата. Тој е член на либискиот клуб Ал Ахли од Бенгази.