Дома Фудбал Натпреварот Беса – Башкими место во Чаир ќе се игра во Кавадарци

Натпреварот Беса – Башкими место во Чаир ќе се игра во Кавадарци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, согласно денешното известување и барање од страна на Министерството за внатрешни работи, како и по итниот состанок кој се одржа меѓу претставници на ФФМ и МВР, донесена е одлука за промена на локацијата на бараж натпреварот за пласман во Прва МФЛ.

Натпреварот ФК Беса 1976 – ФК Башкими 1947 ќе се одигра на 25. мај (недела) со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Оваа одлука е донесена со цел натпреварот да се организира во услови, во согласност со проценките на безбедносните органи.

ФФМ изразува благодарност за соработката со Министерството за внатрешни работи и ги повикува сите навивачи на фер и спортско навивање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Решавачки ден во преговорите помеѓу Ливерпул и ПСЖ за Баркола

Ливерпул и Пари Сен Жермен во моментот водат клучни преговори со цел да ги разјаснат своит…