Дома Фудбал Насмевката која можеби му ја украде победата на Јувентус ?

Насмевката која можеби му ја украде победата на Јувентус ?

Јувентус синоќа гостуваше кај Кротоне и освои само бод (1:1).

Старата дама без Кристијано Роналдо не успеа да слави на ова наизглед лесно гостување. Гостите имаа и играч помалку, а ВАР му поништи погодок на Мората кој се наоѓаше во милиметарски офсајд.

Очигледно е дека на актуелниот првак му е тешко без Роналдо, а останатите играчи на Јувентус можеби имаа и дополнителна пречка бидејќи покрај теренот беше секогаш насмеаната и атрактивна Дилета Леота.

Новинарката повторно го привлече вниманието на играчите со своето издание, но и на сите актери на натпреварот. Најмногу “профитираше“ директорот на Јувентус, Паратичи, кој имаше прилика да разговара со Леота пред почетокот на натпреварот. Сигурно дека уживал во тие неколку минути…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …