Дома Фудбал Наполи сѐ посилен, Конте ја носи и ѕвездата на ПСВ

Наполи сѐ посилен, Конте ја носи и ѕвездата на ПСВ

Холандскиот крилен напаѓач Ноа Ланг (26) наскоро ќе стане фудбалер на Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најдобрите играчи на ПСВ го известил раководството на холандскиот шампион дека се договорил за личните услови со италијанскиот првак.

Клубот од Ајндховен ќе добие отштета од 35 милиони евра, плус десет проценти од следниот трансфер.

Ланг, кој минатата сезона постигна 14 гола и 12 асистенции, во Наполи ќе заработува 2,8 милиони евра по сезона, а договорот ќе биде потпишан на пет години.

Наполи веќе го донесе поранешниот капитен на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, а се шпекулира дека напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, исто така е блиску до овој клуб.

Јасно е дека тренерот Антони Конте следната сезона ќе има значително посилен состав од оној со кој го освои Скудетото.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Хулијан Алварез продолжува, …