Дома Фудбал Напад од соништата Кристијано Роналдо/Роберт Левандовски

Напад од соништата Кристијано Роналдо/Роберт Левандовски

Откако ги донесе Жоао Феликс и Кингсли Коман во Ријад, Кристијано Роналдо наводно ги изнесе новите барања до сопствениците на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот портал „Фичахес“ пишува дека Роберт Левандовски ќе добие понуда која нема да може да ја одбие. На полскиот напаѓач му е предочено дека Барселона ќе се сврти кон други решенија следното лето, што, се разбира, не остана незабележано, ниту за Кристијано.

„Фичахес“ наведува дека Португалецот веќе ги изнел барањата до луѓето од Ал-Наср да реагираат и да направат сè што е потребно за да го привлечат „Лева“ во Саудиска Арабија.

Тоа донекаде има смисла, бидејќи Левандовски, и покрај тоа што сè уште игра на врвно ниво, во август наполни 37 години.

Дали ќе се случи тоа, не знаеме, но… каков напад би бил: Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем започна преговори со Гакпо

Тотенхем презема конкретни чекори за евентуалниот трансфер на крилото на Ливерпул, Коди Га…