Кантé уште еднаш покажа дека не е само одличен фудбалер, туку и човек со големо срце.
Како што пренесуваат светските медиуми, францускиот ас Енголо Кантé ја искористил репрезентативната пауза за да го посети Мали, земјата на неговите предци и финансиски да помогне во изградбата на болница во Бамако, главниот град на оваа африканска држава.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Фудбалерот кој светската слава ја стекна играјќи во Премиер лигата за Лестер и Челси, како и за националниот тим на Франција, одлучи да донира дури пет милиони долари за изградба на најсовремена болница.
Неговата великодушност не е изненадување, бидејќи и претходно често им помагал на своите сиромашни потомци. Неговите родители се иселиле од Мали во почетокот на деведесеттите години и се населиле во Париз каде што Енгони се родил и добил француско државјанство.
Репрезентативецот на Триколорите, кој сега игра во Саудиска Арабија за Ал-Итихад, не е дел од тимот на Дидие Дешамп за мартовските натпревари против Хрватска во Сплит и Париз во рамките на четвртфиналето на Лигата на нации, што го искористил за да се посвети на оваа хуманитарна акција.