Дома Фудбал Најубавата приказна на Светското првенство: Нико Вилијамс го разнежни светот, ѝ должи сè на оваа жена (Видео)

Најубавата приказна на Светското првенство: Нико Вилијамс го разнежни светот, ѝ должи сè на оваа жена (Видео)

Еден од хероите на Шпанија во финалето на Светското првенство е секако Нико Вилијамс кој асистираше на Феран Торес при победничкиот гол. Тој влезе во игра во 75. минута и се покажа како „џокерот” на Луис де ла Фуенте. По свечената церемонија и славењето на стадионот „Метлајф”, светот ја обиколи сцената во која тој е главниот актер. Се симна златниот медал и го стави на вратот на мајка му Марија која му беше најголема поддршка од трибините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зад овој прекрасен и емотивен гест се крие благодарноста за сето она што неговите родители го преживеале за тој да биде на врвот на светот.

Нико Вилијамс е роден во шпанскиот Билбао, но приказната на овој фудбалер има многу интересна позадина, па затоа, гледано од друга перспектива, неговиот успех е многу поголем. Неговите родители Марија и Феликс се со потекло од Гана, која ја напуштија во деведесеттите години во потрага по подобар живот. Мајка му во тој момент беше во седмиот месец од бременоста, со братот на Нико, Ињаки, кој сега игра за репрезентацијата на Гана.

Родителите на Нико решија да се упатат на опасен пат и да го ризикуваат својот живот за да добијат нова шанса во “туѓа” земја. Патуваа денови во преполни камиони кои превезуваа бегалци, а мораа и да ја преминат пустината Сахара кога температурите беа екстремно високи. Поминаа многу опасности на тој пат, но успеаја да издржат сè и да стигнат на територијата на Шпанија.

🥇 Нико Вилијамс ја предаде својата медалја за шампион на Светското првенство на мајка му, Марија Артур.

Не можеше да ја сокрие својата радост. pic.twitter.com/GEbMd46Itl— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) 20 јули, 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата!

Колумбискиот фудбалер Џон Дуран следната година ќе игра како позајмен играч во редовите на…