
Меѓу 20-те најплатени фудбалери во Примера се наоѓаат дури 18 играчи од двата најголеми клуба, Реал и Барселона; 11 од кралскиот клуб и седуммина од каталонскиот, плус еден од мадридскиот Атлетико и од Билбао.
Неприкосновено најплатен фудбалер во Шпанија е напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, со заработка од околу 600.000 евра неделно, односно скоро два и пол милиони евра – месечно.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Покрај францускиот ас, тука е цел тим: Давид Алаба, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Родриго, Трент Александар Арнолд, Федерико Валверде, Тибо Куртоа, Антонио Ридигер, Едер Милитао и Едуардо Камавинга.
“Седморката” од Барселона ја предводи Роберт Левандовски на заедничкото од трето до шесто место, а покрај Полјакот тука се и Френки де Јонг, Ламин Јамал, Рафиња, Марк-Андре тер Штеген, Жил Кунде и Маркус Рашфорд.
Преостанатите двајца се голманот и капитен на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак и ѕвездата на Баскијците, Нико Вилијамс.