Дома Останати Кошарка Најдобар тренер НБА лигата не е оној со најдобриот учинок

Најдобар тренер НБА лигата не е оној со најдобриот учинок

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон, беше прогласен за тренер на сезоната во Американската професионална кошаркарска лига (НБА) во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот.

Аткинсон е во својата прва сезона во Кливленд и во петтата сезона во НБА лигата, а првпат е добитник на трофејот „Ред Ојербах“. Наградата ја освои со 401 поен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Второто место го зазеде Џеј Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени, а трет беше Име Удока од Хјустон со 113 поени.

Аткинсон ги предводеше Кавалирс со 15 последователни победи на почетокот на сезоната, што беше еден од трите низи со најмалку по 12 победи. Тимот направи низа од 16 триумфи, од 5 февруари до 14 март, што е клупски рекорд.

Кливленд со 64 победи и 18 порази го имаше најдобриот скор во Источната конференција.

Тоа е вториот најдобар резултат во историјата на франшизата, а Аткинсон стана третиот тренер на Кавалирс што ја добил наградата за најдобар, по Били Фич (1975/1976) и Мајк Браун (2008/2009).

Фото: Los Angeles Lakers/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА-кошаркар исклучен по 80 секунди: Тепачка меѓу Индијана и Кливленд на стартот на мечот (Видео)

Кошаркарите на Индијана убедливо го совладаа Кливленд (129:109) во четвртиот натпревар од …