
Шпанскиот крал Филип Шести му ја додели денеска на тенисерот Рафаел Надал титулата маркиз, во знак на признание за неговиот придонес за Шпанија преку спортот, се наведува во соопштението на Палатата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Надал, кој минатата година ја заврши кариерата, е еден од шесте лауреати на кои им беа доделени титули по пов десеттата годишнина од владењето на кралот Филип Шести, пренесе „Ројтерс“.
Меѓу добитниците се и поп-рок пејачката Лус Касал и параолимписката пливачка Тереса Пералес.
„Тие се извор на гордост за Шпанија и постојана референтна точка за вредности кои би требало да го инспирираат нашето општество“, се наведува во соопштението.