
Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи ги градските ривали, играчите на Атлетико. Откако Реал во првиот натпревар победи 2:1, синоќа Атлетико беше подобар во регуларниот дел 1:0. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше одреден дури по изведувањето пенали.
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ играше од првата минута за Реал и со тоа постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите во својот 140-ти настап.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Модриќ го одигра својот 12-ти натпревар во елитното европско натпреварување, што е рекордно број на натпревари во Лигата на шампионите за играч кој има наполнето 39 години. Досега беше изедначен со Португалецот Пепе и Шкотот Дејвид Веир, но сега хрватскиот репрезентативец е сам на врвот.
Исто така, ова му беше 42-ри настап во мадридското дерби. Рекордер е Серхио Рамос, некогашен играч на Реал, кој има 43 настапи. Рамос веќе не игра за „кралскиот клуб“, па Модриќ може да го изедначи тој рекорд, па дури и да го надмине ако остане уште една сезона.