Дома Фудбал На македонски обложувач му „избегаа“ 27.000 евра за само еден гол (ФОТО)

На македонски обложувач му „избегаа“ 27.000 евра за само еден гол (ФОТО)

Македонски обложувач од Демир Хисар беше блиску да заработи 27.000 евра со уплатени 75 денари.

Обложувачот одиграл 21 пар и погодил 20, промашил само еден и тоа за – еден гол!

Натпреварот кој не го погодил бил од холандската лига помеѓу Ден Хаг и АЗ Алкмар. Тој типувал дека оваа средба ќе заврши со победа на гостинот или нерешно, како и да се постигнат од два до пет гола. На крајот АЗ Алкмар победи само со 0:1, па така тој остана без 27.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…