Дома Фудбал На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо Назарио, но досега талентираниот Бразилец не ги покажа сите свои способности.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаше скромна минутажа кај Карло Анчелоти. Италијанецот истакнуваше дека неговото време ќе дојде, а истото сега го вели и новиот тренер Чаби Алонсо.

Ендрик оваа сезона нема одиграно ни минута. Веќе неколку недели е во тренажен процес по паузата поради повреда, но Алонсо, барем засега, не сака да му даде минутажа.

Тренерот на Реал објасни дека 19-годишникот навистина изгледа одлично на тренинзите. Сепак, неговите услуги моментално не му се потребни бидејќи на теренот има сѐ што му треба.

Фотографија од разочараниот Ендрик на клупата на Реал Мадрид го обиколи светот. Видливо е огромното разочарување на лицето на 19-годишниот Бразилец.

Дојде како голема надеж, се очекуваа големи нешта од него, а беше платен речиси 50 милиони евра.

Сепак, за него моментално нема место во Реал Мадрид. Ќе видиме дали и оваа сезона кај Кралевите ќе му пропадне или ќе бара спас на друго место во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Шпанија: Освојувачот на Златна топка го напушта Светското првенство – мора на операција!

Шпанија доживеа сериозен удар на Светското првенство – Родри нема да може да го прод…