Дома Моторспорт На Ботас му наредија да успори, Хамилтон до победа, но херој на трката е Верстапен

На Ботас му наредија да успори, Хамилтон до победа, но херој на трката е Верстапен

Денес во Сочи беше одржана трката за Големата награда на Русија, а победата ја однесе Луис Хамилтон.

Хамилтон дојде до триумф на патеката во Русија, но возачот на денот е Макс Верстапен кој од 19-тата позицуја успеа да стигне до шестата.

На втората позиција заврши Ботас кој можеше да слави пред Хамилтон, но пред крајот на трката му беше наредено да му го препушти местото на Хамилтон.

Третото место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а во првите десет завршија уште Кими Раиконене, Верстапен, Даниел Рикардо, Леклер, Магнусен, Окон и Перез.

Вкупниот поредок сега изгледа вака: Хамилтон 306, Фетел 256, Ботас 189, Раиконене 186, Верстапен, 158, Рикардо 134, Хулкенберг 53, Алонсо 50, Магнусен 49, Перез 46, Окон 45, Сајнц 38, Гесли 28, Грожан 27…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…