
Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, бил пренесен во болница попладнево. Тој бил на „Олд Трафорд“ за дербито против Ливерпул, но се почувствувал лошо, поради што бил качен во брза помош околу еден час пред почетокот на натпреварот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите од „Скај Спортс“, 84-годишниот Шкот е свесен и му се направени тестови.
Алекс, најуспешниот менаџер во историјата на клубот, редовно ги посетува натпреварите на Јунајтед и дома, и на гости. Во 2018 година, тој имаше мозочен удар, од кој се опорави по операција. Нема индикации дека сегашниот инцидент е поврзан со тоа.