Дома Фудбал Најбизарна сцена во историјата на фудбалот: Дете го гризна судијата за „меѓуножјето“ – натпреварот не започна

Најбизарна сцена во историјата на фудбалот: Дете го гризна судијата за „меѓуножјето“ – натпреварот не започна

Фудбалски натпревар во понизок ранг во Германија изминатиот викенд не можеше ни да започне поради неверојатна причина – судијата за време на проверка на документите го касна дете на играч од домашниот тим!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот меѓу тимовите ФК Такси Дуисбург и СВ Рот-Вајс Милхајм, кој беше закажан во Kreisliga C, лига во понизок ранг во Северна Рајна-Вестфалија, беше откажан пред да започне поради инцидент што ретко се гледа на фудбалските терени.

Како што пренесува германскиот WAZ, судијата во официјалниот извештај запиша:

– За време на проверка на документите меѓу играчите на FC Taxi Duisburg, едно мало дете си играше околу мене. Си приближуваше се повеќе и одеднаш, сосема неочекувано, ме касна за левиот тестис.

Според германските медиуми, станува збор за дете од еден од домашните играчи. Судијата, поради болка и шок, одлучи дека не може да го води натпреварот, па натпреварот беше откажан, иако двата тима сакаа да играат.

Сѐ уште не се знае дали инцидентот ќе има понатамошни последици, но дефинитивно спаѓа меѓу најбизарните настани на фудбалските терени во последно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една од трансферните цели на Манчестер Јунајтед побарал да го напушти Њукасл

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол, сака да го напушти тимот и е отворен за можноста да премин…